Македонските фудбалски надежи ја совладаа моќната Италија

Нашите македонски фудбалски надежи до 17 години, успеаа да триумфираат на мечот против Италија со 2:1, во првата контролка на гостински терен. Најпрво Дарко Додев во 60 минута ја затресе мрежата на „аѕурите“, а потоа Белмин Чуљевиќ во 71 минута беше поумешен од противничкиот голман. Голем придонес во триумфот на нашата репрезентација даде Емин Абаз, фудбалерот на белгијски Андерлехт, новиот играч во селекцијата предводена од селекторот Боби Стојковски, за која се очекува да постигне блескави резултати.

Италија не успеа да се врати во игра ниту по досудениот пенал кој не го реализираа во вториот дел. Во овој исклучително борбен натпревар македонските репрезентативци ја вложија сета своја сила до последниот свиреж на судијата.

За селекцијата на Македонија натпреварот го почнаа: Трајчевски, К. Ристовски, Гичевски, Хани, Терзиев, Митрев, Додев, Сулејмани, М. Ристовски, Здравковски и Абаз, а во второто полувреме во игра влегоа: Димков, Маневски, Чуљевиќ, Чукалески и Додевски.

ФОТО: Курир

13.02.2014 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега