Купете Руско државјанство за три милиони долари

Странски инвеститори кои ќе вложат најмалку три милиони долари во руската економија,  да добијат руско државјанство  предложија денеска имиграциската служба на Русија и Министерството за економија .

Според тој предлог, руско државјанство може да добијат и постдипломци на руски универзитети кои имаат работно искуство во Русија од најмалку три години.

Рускиот весник Комерсант објави дека таа мерка може да привлече голем број луѓе да дојдат во Русија. Предлогот на закон наскоро ќе се најде пред пратениците во рускиот парламент. Ако тој закон биде усвоен, странци кои три години работат во Русија ќе може да добијат државјанство.

12.02.2014 - 20:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега