Почна судењето Јанкулоска против Шилегов - министерката бара 10.000 евра отштета

Во Основниот суд – Скопје 2 денеска започна процесот по тужбата за клевета што министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ја поднесе против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Министерката за внатрешни го тужи потпаролот на СДСМ, за евистинити информации поврзани со нејзината имотна состојба и од него бара оштета од 10.000 евра.

За време на судскиот процес, Шилегов ја отфрли тужбата како неоснована, додека Јанкулоска беше претставувана од својот адвокат Димитар Дангов.

- Во Република Македонија како и во секоја демократска држава, секој има право слободно да каже се што ќе посака. Како и во секоја демократска држава, ставовите и тврдењата не смее да бидат невистинити и со намера некому да предизвикаат штета. Секој што излегува во јавност треба да стои зад својот исказ и да одговара за него и вистинитоста на тврдењата. Очигледно тоа е причината зошто Шилегов е во паника, видлива во конфузните обиди за оправдување изнесени пред медиумите. Самиот себе се доведе во непријатна ситуација, која во демократска и правна држава не може да се надмине со изјави во камера, туку само со издржани аргументи пред судот“, вели министерката во писмена изјава.

Од друга страна, Шилегов истакан дека не гледа каде каде е министерката Јанкулоска наклеветена.

12.02.2014 - 14:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега