Авионска несреќа во Алжир - 103 лица загинаа

Како што пренесува приватната телевизија „Енхар“ се срушил авион во Алжир и загинале 103 лица. Несреќата се случила во планинската област на истокот на земјата недалеку од градот Ум Ел Буаги.

Според првичните информации, можен причина  за несреќата се лоши временски услови, пишува локалниот весник „Елкабар“ на својот веб сајт.

Авионот од тип „Ц-130 Херкулес“ летал за Константин, а се срушил за време на лошите временски услови на околу 500 километри источно од Алжир, престолнина на истоимената држава.

Сведоците велат дека авионот со еден дел удрил во планина, а потоа се срушил.

 

11.02.2014 - 16:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа