Неколку трикови како да направите прекрасна фотографија

Доколку обожавате да се сликате но при сликањето честопати ви се случило да направите повеќе фотографии бидејќи предходните не ви се допаѓаат еве неколку трикови кои ќе ви помогнат да изгледате одлично секој пат кога некој ќе ве фотографира.

1. Пред се едно од најважните правила за правење на одлична фотографија е избирањето на добар агол, светлост и позадина, бидејќи никогаш не е исто ако некој ве слика кога во позадина имате растурен кревет и куп од облека, наместо среден простор, а доколку сте во природа посебно внимавајте на аголот и светлината.

2. Битен детаљ е и облеката. Најважниот предуслов да изгледате добро на фотографиите е да сте соодветно облечени. На тој начин, првенствено ќе имате голема самодоверба, што значи дека и на самата фотографија ќе зрачите со позитивна енергија и убавина.

3. За фотографијата да изгледа убаво и онака како што посакувате мора и вие да го дадете својот максимум. Пред се научете се да позирате. Застанете пред огледало и испробувајте различни насмевки и разгледајте го ликот, од која страна повеќе ви се допаѓа па така ќе знаете како да се наместите пред самиот чин на фотографирање.

4. Вашата среќа и расположение се гледа на фотографиите, без оглед на тоа колку мислите дека ликот ви изгледа несразмерно и лошо. Зрачите со позитивна енергија, тоа ќе се забележи и на фотографијата.

11.02.2014 - 16:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега