Турчин со фалсификуван пасош сакал да полета од "Александар Велики"

Турски државјанин си заработи кривична пријава бидејќи бил фатен со фалсификуван пасош на скопскиот аеродром Александар Велики.

Се работи за 30-годишниот Д.О. кајкој при пасошка контрола било откриено дека имал фалсификувана патна исправа.

Од страна на Основен суд Скопје изречена му е казна затвор во траење од две години, условно за пет години да не стори кривично дело. На истиот му е изречена забрана „протерување од земјата во траење од 10 години“.

11.02.2014 - 16:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега