Новинарите на Сител контра Синдикатот: Вие не злоупотребувавте

 

По Вашата реакција на одлуката на новинарите на Сител за напуштање на Самостојниот Синдикат на новинари и медиумски работници, принудени сме детално да Ве известиме за причините за овој потег кои лежат единствено во начинот на кој функционира Вашата организација и во ниту еден друг надворешен фактор.

 

Имено, во изминатите години кога новинарите на Сител беа дел од организацијата, ССНМ не покажа никаква иницијатива за нивно вклучување во своите активности, застапување, лобирање или нивно консултирање при градењето на програмите и политиките на синдикатот. Сметаме дека нашето членување беше единствено злоупотребувано за Синдикатот да претстави наводна бројност како и за да пред странските донатори, амбасади и меѓународни организации прикаже членство на новинари и медиумски работници од најпопуларниот медиум.

 

За жал, дури и со нашата вклученост „на хартија“, оваа организација не успеа да изгради кредибилитет и да ја скрие политичката обоеност и фактот дека работи единствено во интерес на мала група луѓе од нејзиното најтесно раководство.

 

Поради ова, а согласно правото на слобода при одлучувањето дали ќе се членува во одредена организација, одлучивме да  Ве известиме дека повеќе не сакаме да бидеме дел од дружината ССНМ.

(Интегрален текст од писмена реакција на поранешните членови на ССНМ од ТВ Сител)

11.02.2014 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега