Каде исчезна чудовиште Неси- граѓаните на Шкотска загрижени

Граѓаните од Шкотска се видно загрижени поради тоа што популарното чудовиште Неси од езерото Лох Нес не е видено веќе година дена.

Последните две негови видувања беа окарактеризирани како невистините, откако беше утврдено дека станувало збор за превртен чамец во едниот случај, и обична патка низ езерото во вториот случај.

Кери Кембел кој 17 години ги следи сите случувања поврзани со митското суштество од езерото има направено список од сите видувања на Неси во последните 1500 години, и е многу вознемирен поради фактот што не знае каде е исчезнато чудовиштето.

Неси заедно со Бигфут и Јети, Неси е една од најголемите мистерии на криптозоографијата денес. Многу научници не веруваат дека тоа навистина постои, бидејќи не постојат цврсти докази.

Меѓутоа луѓето кои живеат во гратчето Инвернес, кое се наоѓа во непосредна близина на езерото, веруваат во него и го сметаат за причина на голем број мистериозни случувања кои се имаат случено на езерото во минатото. Според податоците, за првпат Неси е виден во 565-та година, а првата фотографија од него е направена во 1933-та година.

11.02.2014 - 16:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа