Се изморив криејќи се зад измислени маски, зад измислена среќа

Се изморив од предавства, точно од луѓето во кои најмногу верував. Се изморив да барам среќа на непознати места и стрмни улици, а него сеуште го нема…

Се изморив да ја кријам тагата зад очите маскирани со лажен сјај. Се изморив да се кријам зад маската на силна жена, а внатрешно, срцето се крши, боли и ме потсетува дека сепак сум сама.

Се изморив да се раздавам себе си на сите и потоа да ги собирам парчињата од мојата раскината душа. За се во животот плаќаме со делови од душата. Мојата веќе се потроши.

Дадов се од себе, а во замена не добив ништо. Се изморив од подавање на рака за да помогнам на човек во невоља, а потоа истиот тој да ме фрли на дното.

Се изморив да верувам во луѓето. Се изморив да верувам во љубовта.  Се изморив од градење ѕидови околу себе, зад кои постојано се кријам.

Се изморив од лажни насмевки, од ноќи потонати во плач и осаменост. Се изморив од денови и ноќи, само наизглед убави. Се изморив од тоа да бидам предавана, а да сакам безкрајно.

Се изморив да страдам очајно, а вистината да е некаква заблуда. Се изморив криејќи се зад измислени маски, зад измислена среќа…

Денес се збогувам со сите мои маски. Нека сите го видат моето вистинско лице бележано со лузни. Вистинските луѓе ќе ја препознаат неговата убавина.

Извор: попара

11.02.2014 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега