Груевски се сретна со претставничката на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ

 

Шефот на македонската Влада, Никола Груевски, денеска се сретна со претставничката на ОБСЕ за медиуми Дуња Мијатовиќ.

Груевски зборувајќи за повеќе актуелни прашања, ја истакнал подготвеноста и отворената волја на Владата активно да продолжи да придонесува за подобрување на стандардите во областа на медиумите посочувајќи дека со носењето на решенијата за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е направен значителен чекор напред во тоа поле.

Претставничката  за медиуми на ОБСЕ го поздравила носењето на таквите законски решенија, истакнувајќи притоа дека компаративно гледано спаѓаат меѓу подобрите во регионот.

- Премиерот Груевски даде силна поддршка на имплементацијата на донесените законски решенија упатувајќи благодарност до претставниците на ОБСЕ за поддршката и нивната вклученост во тој процес. Претставничката на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ информираше дека Република Македонија ќе биде домаќин на регионалната медиумска конференција која ќе се одржи во Скопје, се вели во соопштението.

11.02.2014 - 15:16
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега