Вонредна прогноза: Македонијо внимавај - попладнево се очекува големо невреме

Попладнево се очекуваа нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, можна е појава на локално невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и врнежи од град.

УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.