ВИДЕО: Пијана жена сексуално нападнала патник во авион

Жената во алкохолизирана состојба сексуално нападнала еден од патниците во авионот кој летал од Балтимор за Вашингтон . Авионот морал принудно да слета во Минеаполис за полицијата да ја уапси патничката.

До инцидентот дошло бидејќи патникот ја одбил нејзината понуда да имаат секс, поради што таа се разбеснела и почнала да се заканува дека ќе го убие.

Неколку лица од персоналот успеале да ја врзат жената за седиштето, а набргу потоа и принудно го приземјиле авионот на најблискиот аеродром, каде насилничката била уапсена.

11.02.2014 - 13:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега