Петнаесетмесечното бебе од Штип е во добра здравствена состојба

 

Петнаесетмесечното бебенце од Штип кое беше донесено во Клиниката во Скопје бидејќи се мислеше дека изело отров за глувци, е во добра здравствена состојба. За ова денеска информира директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова.

Кај детенцето кое вчера околу 15 часот и 15 минути било донесено во Скопје, за среќа не се пронајдени никакви траги од отров. Претходно лекарите во Штип му го исчистиле стомакот по претпоставка дека можеби консумирало отров за глувци што бил употребен  викендот за дезинсекција и дератизација во градинката „Астибо“ каде што е згрижено. 

- Не се најдени никакви траги од евентуалниот отров, но за секој случај е донесено на Клиника бидејќи може да настанат подоцнежни компликации од тој отров. Сега детето е во стабилна состојба. Испитувањата покажуваат уреден наод со никакви компликации и знаци дека евентуално, доколку го зело тој отров, стигнало во циркулацијата. Досега нема знак на пореметување во клиничката и во хемиска лабораторија.  Очекуваме резултатите да одат добро и мислиме да го пуштиме дома, изјави Софијанова.

Началничката на Одделот за педијатрија Марина Гацова изјави дека  по прегледот било конастатирано дека нема труење.

- За време на прегледот детето не пројавуваше клинички знаци на труење, а лекарката која беше дежурна ги има преземено сите мерки на претпазливост и на детето му е испран желудникот, рече Гацова.

11.02.2014 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега