Грижата за пензионерите останува еден од приоритет на Владата - од март повисоки пензии

 

Министерството за финансии, МТСП, ПИОМ и пензионерите ги усогласија пресметките за зголемување на пензиите, со што пенизонерите од март ќе земаат 600 денари повеќе.

-Македонија е единствена земја во регионот и пошироко што во вакви тешки времиња успеа да ги заштити пензионерите и да изврши зголемување на пензиите. Во наредните десет месеци, пензионерите ќе добиваат зголемени пензии согласно усогласените пресметки, истакна министерот Зоран СТавревски.

Претседателот на Сојузот на пензионери, Драги Аргировски, од своја страна истакна дека зголемување на пензиите значи подобрување на стандардот на пензионерите и овозможува тие да имаат достоинствена старост. 

Министерот за труд и социјала, Диме СПасов, нагласи дека грижата за пензионерите останува приоритет на Владата на Република Македонија.

-Просечната пензија е зголемена за 62%, ако се земе предвид дека во 2006 година просечната пензија изнесувала 7.683 денари, а во март годинава 12.445 денари. Во наведениот период, најниската пензија е зголемена за 76%, а највисоката за 30,43%, нагласи Спасов.

11.02.2014 - 13:00
Фото: 
Академик.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега