Мекравен: Веднаш да се уништат сите фотографии од убиството на Осама бин Ладен

Единаесет дена по убиството на Бил Ладен, шефот на американската специјална операција, адмирал Вилијам Мекравен наредил да се уништат сите фотографии од неговиот труп или да и бидат предадени на ЦИА пренесува Еј–Би–Си.

Оваа информација е објавена откако во јавноста се појави неговата порака која била испратена до неговите подредени на 13 мај 2011 година.

Откако активистите побарале слободен пристап до информациите бидејќи убиството на Осама бин Ладен било нетранспарентно по однос на информирањето на јавноста Мекравен ја донел наредбата за уништување.

Групите активисти поднеле тужби до судовите, но американската влада тврдела дека информациите мора да останат тајна. 

11.02.2014 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега