Претерала со јадење и пиење – и експлодирал стомакот

 

Една 58 годишна жена од Кина била примена во болница во градот Џангсуу, со големи тешкотии во  стомакот бидејќи претерала со храната и пиењето во текот на празнувањето.

Лекарите набрзо по приемот решиле да ја оперираат. Меѓутоа, во текот на операцијата, стомакот и експлодирал поради контакт со операцискиот електричен инструмент и алкохолот кој бил во нејзиниот стомак.

“Имаше премногу алкохол во неа, а операцијата беше работена со електричен нож. Шансите да избие пожар поради контактот се мали, но сепак постојат”вели докторот Ванг Хао.

Докторот истакна дека и покрај инцидентот, на жената и е спасен животот, но дека таа во иднина ќе мора строго да води сметка за исхраната.

11.02.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега