„Вашингтон пост“ демантира дека ќе објави статија за тајната врска меѓу Обама и Бијонсe
Кристин Корати, портпаролката на весникот „Вашингтон пост“ демантираше дека во утрешното издание ќе објави текст за наводната врска меѓу американскиот претседател Барак Обама и пејачката Бијонсе.
Овој демантот беше испратен откако францускиот папарацо Паскал Ростен за радио Јуроп 1 изјави дека утре „Вашингтон пост“ ќе објави за љубовната врска меѓу Обама и Бијонсе.
11.02.2014 - 10:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа