Николај: Ја блокираме Македонија а повеќе членки на ЕУ има поголеми проблеми од неа

 

Романската пратеничка во Европскиот парламент, Норица Николај, вели дека не разбира зошто Македонија е постојано блокирана кога во повеќето членки на ЕУ има поголеми проблеми отколку оние кои ги има во земјава. Како што пренесува Дневник, пратеничката ова го изјавила  пред пратениците за време на дебатата за Резолуцијата за Македонија.

- Во текот на изминатите речиси десет години откако Македонија го доби кандидатскиот статус од Советот земјата покажа огромна соработка во однос на активностите да постигне напредок, неопходен за секое поглавје од задачите. Овој факт позитивно се поздравува од Европската комисија во нејзините годишни извештаи во кои Kомисијата од 2009 година наваму препорачува почеток на пристапните преговори, вели Николај за Дневник.

Таа објаснува дека во својот последен говор во Европскиот парламент во Стразбур рекла дека во контекст на неуспехот на нашата политика кон соседите, верува дека отворањето на пристапните преговори со Македонија ќе претставува успех за актуелните членови на Kомисијата и на Советот, како и за политиката на проширување на Унијата. 

- Ако зборуваме за напредок во политичките критериуми, напредок во економијата, не разбирам зошто ја обвинуваме Македонија, преку гласот на Советот, дека има многу голема невработеност. Има земји во ЕУ со ја надминуваат невработеноста во Македонија., вели пратеничката.

Николај додава и дека има земји во ЕУ во кои има проблеми меѓу политичките партии. Има земји во ЕУ во кои односот меѓу владата и медиумите не се според демократски стандарди, ама за ова остро се критикува Македонија.

11.02.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега