Наместо алкохол Русин испил антифриз па умрел од големи маки
Рускиот државјанин Федор Н. (37) работник на фирмата “Отпадное“ која последните месеци врши ремот на бушотините и постројките на Нафтената индустија на Србија (НИС) почина во саботата во болницата во Кикинда како последица на труењето со метил-алкохол.
Федор во тешка состојба бил донесен во болница на 3 февруари, откако на работа испил антифриз. И неговиот колега Андреј Г (46) исто така се напил од шишето и бил донесен во болница 4 часа по Федор.
“Двајцата пациенти се хоспитализирани на одделението за интензивна нега. Со дијагностика е утврдено труење со метил алкохол. Примероци од нивната крв се испратени на ВМА. Токсиколошката анализа го потврди труењето. Двајцата примале секакви можни терапии, но за жал едниот пациент почина во саботата. Другиот пациент се опоравува во нашата установа”изјави доктор Радивој Боеновиќ, помошник директор на Општата болница во Кикинда.
Според податоците со кои располага полицијата долгогодишните работници во НИС изјавиле дека дел од руските колеги имаат проблем со алкохолот.
Некои од нив претеруваат со шишето. И не бираат што ќе испијат. Меѓутоа и ние сме зачудени од случувањата. Не веруваме дека некој приздрав разум може да одлучи да испие техничка хемикалија. Нешто волку бизарно никогаш не се случило- велат колегите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа