Скокале од прозор за да се спасат- евакуирани 200 лица поради пожар во зимски центар

 

Најмалку 200 лица вчера биле евакуирани од една деветокатница во францускиот зимски центар Val d'Izer во кое избило пожар.

Откако се обидела да се спаси од пожарот и скокнала низ прозорецот од шестиот кат на зградата шеесет годишна жена ево критична состојба.

Локалните власти наведуваат дека се' уште не знаат каде се наоѓаат три лица кои престојувале во зградата, иако е можно и тие да се евакуирани.

Уште едно лице се здобило со потешки повреди, додека осум лица биле хоспитализирани поради вдишување на дим.
Се уште не е позната причината за пожарот во зградата, чиј кров изгорел во целост.

Откако биле евакуирани станарите, од претпазливост било евакуирано и основното училиште во близина, објавил весникот "Figaro".

11.02.2014 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега