Македонија - земја со најмалку лоши кредити во регионот

Трендот на пораст на лоши кредити во светската економија не запира, но во Македонија, во споредба со регионот, ситуацијата и не е толку алармантна. Како што пишува Лидер, последните податоци на Народната банка на Македонија покажуваат дека македонските граѓани и компании заклучно со ноември 2013 година не можеле редовно да ги плаќаат ратите за кредити во износ од околу 450 милиони евра, односно околу 11,3% од целото кредитно портфолио. Од нив, 345 милиони евра се проблематични за наплата од компаниите, додека пак граѓаните не се способни да вратат кредити во износ од 105 милиони евра.

Лидер објавува дека кон крајот на минатата година, кога стапката на нефункционалните кредити кај претпријатијата изнесуваше 12,5%, а кај граѓаните 7,1%, има благо намалување на состојбата на лоши кредити на македонскиот пазар, а банките прават напори да ги намалат нефункционалните кредити.

Според прогнозите за оваа година, лошите кредити на компаниите и понатаму ќе останат високи, додека кај кредитите од граѓаните се очекува постабилна состојба.

 

11.02.2014 - 09:49
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа