Годишниот финансиски план на Македонската радио телевизија пред пратениците
Пратениците денеска ќе расправаат за годишниот финансиски план на Македонската радио телевизија за 2014 година.
Пред членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија се и предлог-законите за електронските комуникации, контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини и за планински патеки, како и Предлог на закон за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (второ читање) и Статутарната одлука за изменување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (втора фаза).
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа за Предлог-закон за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, во второ читање.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција, во второ читање, е на дневен ред на седницата на Комисијата за економски прашања, која во продолженијата ги најави и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (второ читање) и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа