ВИДЕО: Знаеле дека бебето штом се роди ќе умре, па се погрижиле тие 10 дена со него да бидат незаборавни

Со нетрпение ги броеле деновите за нивното бебе да се појави на бел свет. Меѓутоа, во 20-та седмица од бременоста лекарите на идните родители им соопштиле страшна вест.

Нивното неродено дете боледувало од ретко генетско пореметување и кога ќе се роди нема да живее подолго од еден ден. Сепак, тие одлучиле со своето првороденче додека можат да доживеат убави и незаборавни денови.

Робин и Џош сепак биле среќни затоа што добиле шанса барем да го запознаат своето синче.

Тој живеел вкупно 10 дена. Овие денови за родителите биле непроценливи.

Заобиколен со семејството и љубов, Зајон на 21 Јануари починал. Единствена утеха за овие родители е тоа што силно веруваат дека нивниот син сега е во Рајот со ангелите.

10.02.2014 - 22:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега