EУ побара избори во Украина
Европската унија денеска упати остра критика кон украинскиот претседател Виктор Јанукович и побара во Украина да се формира нова влада, да се спроведат уставни реформи кои би довеле до „слободни и фер претседателски избори“.
Во заедничкото соопштение по состанокот на министрите за надворешни работи на 28 земји-членки на ЕУ во Брисел, се истакнува дека Унијата е „вознемирена поради кршење на човековите права, насилството, случајот со исчезнатите лица, мачењето и заплашувањето“ до кои дошло во рамките на обидот на власта да ги задуши протестите во земјата.
Министрите на состанокот повторија дека ЕУ е подготвена финансиски да и помогне на Украина, под услов да се формира нова влада која би „спровела економски и политички реформи“.
Новата влада и уставните реформи кои би ја повратиле рамнотежата на власта и подготовките за слободни и фер претседателски избори би придонеле Украина да се врати на одржливиот пат на реформи, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа