Македонија и Албанија ќе ја зголемуваат трговската размена

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида, денеска имаше средба со неговиот колега од албанската Агенција за странски инвестиции Ардит Колаку.

На средбата било истакнато дека двете држави ја сметаат за значајна тесната соработка за овозможување не само на зголемувањето на бројките во трговката размена и инвестициите, туку  и за создавање на  поповолна бизнис клима.

Во текот на посетата, албанската делегација ќе има можност да се запознае со моделите за привлекување на странски инвестиции, предностите и олеснувањата кои ги создава Владата на Македонија, како и помошта која ја нуди Агенцијата. 

10.02.2014 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега