Иванов со сопствени експонати на изложба за аудиотехника

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе присуствува на отворањето на изложбата „Аудиотехника - професија, страст и уметност“ што ќе се одржи на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

На изложбата, чија цел е популаризација на аудиотехниката во Република Македонија, ќе бидат претставени повеќе експонати кои што се одликуваат со различна аудио, уметничка и раритетна вредност прикажувајќи го развојот на аудио-техниката во минатото и денес. Експонатите ќе бидат претставени од наставниот кадар на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Претседателот Иванов, како голем аудиофил и вљубеник во музиката и аудиотехниката, ќе се претстави со сопствени експонати.