Или секс или компромитирачки фотографии во јавност - полицаец од Велес си ја уценувал сопругата

Полициски службеник од Велес си заработи кривична пријава, откако неколку месеци психички и физички малтретирал своја сограѓанка.

Според информациите до кои дојде Пресс24, полицаецот дошол до компромитирачки фотографии од велешанката, па за да и ги врати, барал таа да има сексуални односи со него. Велешанката одлучила да не го пријави случајот во полиција и во март годинава ја прифатила неговата понуда. Откако имале сексуални односи, полицаецот и вратил две фотографии. 

Тука не завршила драмата. Пред неколку дена полицаецот повторно ја уценил велешанката, тврдејќи и дека има уште една фотографија. Но, овој пат девојката одлучила случајот да го пријави во полиција. Неофицијално дознаваме дека полицаецот и велешанката биле во брак. 

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.