ВИДЕО: Свештеник изработи "поштенско сандаче" за оставање на несаканите бебиња

Свештеникот Ли Џонг од Сеул Јужна Кореа изработи посебно "поштенско сандаче" во кое луѓето ќе може да ги оставаат своите несакани бебиња, наместо да ги оставаат по контејнери.

Овој добротворен гест пријатно ги воодушеви и изненади граѓаните. Тие го поддржаа свештеникот во неговата хумана мисија, бидејќи на овој начин се спасуваат животите на бебињата.

Кога станува збор за сандачето, тоа се грее, а има во себе и детектори за чад, и поврзано е со црквата. Всушност црквата се надева дека на овој начин ќе бидат спасени барем дел од неколку стотици деца кои секоја година се отфрлаат и усмртуваат во Јужна Кореа.

09.02.2014 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега