Пожар во куќата на екс-пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ?

 
Пожар избувнал утрово во 8:15 часот на улицата Кичево бр. 10, во куќата на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Стефановска, член на ДИК, објавува Телма.
 
Според информациите на телевизијата, пожарот ги зафатил спалната соба и ходникот на првиот кат од куќата. Територијалната противпожарна единица во Битола веднаш интервенирала и по само десетина минути пожарот бил ставен под контрола. Пожарникарите за Телма потврдуваат дека од куќата било извлечено едно лице, кое веднаш било префрлено во битолската болница. Сеуште не е познат идентитетот на лицето
 
-Со брзата интервенција спречивме понатамошно ширење на пожарот во останатите простории во објектот. Во куќата имаше само една жена, која  со возило на итната медицинска помош беше пренесена во болница. Се претпоставува дека причина за пожарот е елктрична инсталација, но тоа дополнително ќе се утврдува,  изјави Златко Николовски, командир на вод во ТППЕ-Битола за Телма.
 
Екипа на битолската полиција извршила увид на местото на пожарот. Од битолската болница за Телма информираат дека хоспитализирана била жена, која е во добра здравсвена состојба. Телма се обидела да стапи во контакт со Стефановска, но, таа не одговарала на телефонските повици. 
07.02.2014 - 15:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега