И Си-Ен-Ен со сторија за скандалот на Шекеринска и „Дајнерс“

 

Скандалот со киријата која „Дајнерс“ му ја плаќал на сопругот на Радмила Шекеринска за неговиот личен имот, стигна до Си-Ен-Ен.

Влијателниот американски медиум објави текст во кој се говори за шефот на македонската испостава на „Дајнерс“, Божидар Јанковски, кој како што објавува SNN I Reporter, пријавил трошок кирија која ја плаќа за сопствениот личен имот кој приватно го поседува. Американската јавност, објавува CNN,била особено вознемирена од сумата која Дајнерс  ја одвојува за овој трошок, која е висока дури и за американските стандарди.

Сопругот на Шекеринска , пишува CNN, добивал 5.317 евра  месечно за кирија за сопствениот личен имот во кој живее. Дополнително, пишува американскиот медиум,  Скопје како главен град важи за еден од најефтините градови за живеење во Европа и ниту еден имот во градот не вреди за сумата која ја добивал Јанковски. Коментарите се, се вели во текстот, дека цената за кирија која Дајнерс му ја плаќа на Јанковски е поголема доколку се исплаќа кирија за стан во Лондон, или Менхетен во Њујорк, пренесе Република.

-Случајот го обелодени пратеникот Илија Димовски кој од собраниската говорница  обраќајки се на Шеќеринска изјави: “На едно место велите дека годишен приход од издавање на стан имате 3.911.641 денар или преведено во евра значи дека од издавање на само еден стан годишно вие остварувате приход од 63.811 евра. Тоа значи дека вие за издавање на еден стан инкасирате по 5.317 евра месечно. Не мора мене да ми одговарате, но завртете се на вашата пратеничка група, на овие луѓе кои доаѓаат ширум Македонија, кои патуваат по 3 часа за на седници и кажете им каков е тој стан за кој што вие месечно наплаќате кирија од 5.317 евра”, нагласи Димовски во репликата, пишува Си-Ен-Ен.

Медиумот пренесува дека Шекеринска не ги демантирала овие податоци, но, тврдела дека не е нешто што треба да зачудува.

-Станува збор за менаџерски договор кој мојот сопруг го има со својата фирма. Зошто власта случајот не го отвори минатата година, туку сега кога чепкаме таму каде што, очигледно, не смее никој да чепка, ја пренесува CNN изјавата на Шекеринска.

-Ваквата вест ги преокупира и дел од медиумите на Балканот по што Управниот одбор на „Дајнерс клубот“ за Србија, Црна Гора и Македонија излегоа со соопштение со кое повикаа да не се урива имиџот  кој е граден со години обидувајќи да се извлече од скандалот, пишува американскиот медиум.

По јавната реакција на Управниот одбор на „Дајнерс клубот, пишува Си-ен-ен, повикувајќи се на извори во регионалното седиште, не е исклучена можноста од покренување  интерна истрага за можни злоупотреби во кој е вплеткана испоставата во Македонија и ревизија на работењето на директорот Божидар Јанковски и со тоа да ги расчисти дилемите дали имало прекршување на етичките и внатрешните правила.

-Наспроти огромните суми кои што Шекеринска и нејзиниот сопруг ги добиваат по разни основи таа во секојдневните настапи  се труди да создаде слика на просечен граѓанин и е препознатлива по дебата за социјални теми, како што е невработеноста  и нивото  на сиромаштија.Просечната плата во Република Македонија е 343 евра, а минималната плата 140 евра. Само од кирија за стан кој самиот себе си го издава без другите редовни и вонредни приходи семејството Јанковски-Шекеринска месечно заработува  15 просечни плати или речиси 40 минимални плати , пишува Си-Ен-Ен.

07.02.2014 - 15:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега