Здравјето на Шумахер е исклучително слабо

Д-р Хајнц Петер Мецке шефот на болницата во која се наоѓа седумкратниот шампион МихаилШумахер кој кон крајот на декември се здоби со тешки повреди на главата оцени дека Шумахер се наоѓа во вегетативна состојба и неговото здравје е исклучително слабо.

“Здравјето на Шумахер е исклучително слабо и тој се наоѓа во состојба на вегетација” – вели тој.

Лекарите во болницата кои го лекуваат Шумахер, пред една недела го започнаа процесот за негово будење од кома.

Шумахер е во вештачка кома од 29 декември, по тешката повреда на скијање во Франција, кога со главата удри во камен.

На седумкратниот светски шампион во Формула 1, од тогаш два пати му беше извршена операција.

07.02.2014 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа