Еден демонстрант тешко повреден при експлозија на киевскиот плоштад

Украинската полиција соопшти дека едно лице е тешко повредено денеска при експлозија на петиот кат на Домот на синдикатите кој се наоѓа на киевскиот „Плоштад на Независноста“ , кој воедно беше меѓу првите објекти што ги зазедоа учесниците на демонстрациите против украинските власти.

Според непроверени информации причина за експлозијата може да биде Молотов коктел.

На тешко повредениот човек му е разнесена раката, а има и повреда на окото. Тој во свесна состојба бил превезен во една киевска болница.

Како што се наведува во полициското соопштение, повредениот отворил некаква кутија, по што дошло до експлозија а демонстраните ги спречиле полицајците да дојдат на местото на инцидентот.

06.02.2014 - 17:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега