Лиз Харли демантира : Не му бев љубовница на Бил Кинтон

Откако светските медиуми  деновиве пишуваа за скандалот дека Бил Клинтон и  Лиз Харли   биле во тајна љубовна врска, актерката денеска  ги демантираше сите приказни поврзани со Бил Клинтон.

Лондонскиот весник „Дејли Стар“ кој се повикува на американскиот актер Том Сизмор, открива дека Лиз и Бил  биле тајни љубовници една година.

Весникот тврди дека Сизмор и го запознал Клинтон со Харли, откако на една забава во Белата куќа му кажал на претседателот дека тој и британската актерка ја прекинале својата тригодишна врска.

Според овој весник, Клинтон тогаш го побарал телфонскиот број на Харли и веднаш и се јавил на актерката, претставувајќи се како „нејзиниот врховен командант“.

Веста за, наводната, новооткриена афера на Клинтон од времето на неговите претседателски години, се појави во јавноста, откако за тоа беше најдена аудио касета, од тајно снимениот разговор на Сизмор, направен во собата на еден американски хотел.

- Станува збор за целосно измислено и апсолутно неточно тврдење, напиша 48- годишната Харли својот   Твитер профил.

Актерката вели побарала од надлежниоте органи да се  испита случајот и да покрене тужба против  интернет-страницата на која се појави целата приказна.

 

06.02.2014 - 15:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега