Студентка почина бидејќи не им дозволија на докторите да влезат во женски факултет

Студентка во Саудиска Арабија почина откако универзитетската управа не дозволи машка екипа на брзата помош да влезе во женски факултет.

Студентката работела на магистерскиот труд на Универзитетот „Крал Сауд“ во Ријад имала срцев напад во еден од факултетите за жени, но на медицинската екипа составена од мажи два часа не и било дозволено да реагира бидејќи студентката не носела никаб.

Во Саудиска Арабија стриктно се почитува исламскиот закон и има строга полова сегрегација. 

06.02.2014 - 15:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега