Трогателно видео- татко го моли Зукенберг да направи "Фејсбук филм" за неговиот починат син

Џон Берлин чиј син Џеси (21) почина пред две години, преку видео се обрати до Марк Зукенберг со специјална молба. Тој сакал да дојде до "Look Back" филмот на неговиот починат син.

“Мојот син почина на 28 јануари 2012 година, но никако неможам да пристапам   до неговиот  фејсбук профил . Се што сакам е да го видам неговиот фејсбук филм” вели таткото во видеото.

По повод десеттиот роденден Фејсбук ја понуди опцијата со која можете да ги  погледнете  вашите слики и постови од моментот кога сте се придружиле на мрежата.

"Успеав!  Ми се јавија претставници на "Фејсбук " и ми ветија дека ќе направат видео само за мене и дека и во иднина ќе им помагаат на луѓето со ваков случај како што е мојот.

06.02.2014 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега