Грција ја стресоа четири земјотреси

Од почетокот на денот во Грција се регистрирани најмалку четири земјотреси. 

Податоците од Европскиор сеизмолошки центар покажуваат дека потресите биле со јачина од 3,1 до 4,4 степени според Рихтер. Последниот земјотрес од низата земјотреси кои утрово ја стресоа Грција, бил регистриран во две минути пред десет часот, и бил најсилен од сите претходни, со интензитет од 4,4 степени.

Нема податоци за настрадани е евентуална материјална штета.

06.02.2014 - 11:58
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа