ФОТО: Единаесет пати излажала дека е силувана

 
Елизабет Џонс е осудена на 26 месеци затвор поради тоа што 11 пати неоправдано обвинила за различни мажи за силување
Дваесет и двегодишната Елизабета изјавила дека последната жртва ја пријавила поради тоа што „не и се допаднал“. Еден од жртвите кои бил истрауматизиран поради тоа што завршил во притвор каде што полицијата дури девет часа го испрашувала, а потоа со безбедносните камерибило утврдено дека ништо не се случило. 
Првата пријава Џонс ја поднела на 13 годишна возраст, а од тогаш судот веќе еднаш ја опоменал поради лажни обвинувања. Веќе во 2009 година таа била осудена на девет месеци затворска казна.  
Во периодот од 2005 до 2007 пријавила осум различни силувања, по што полицијата се уште ги истражува, но засега не се најдени никакви докази. 
Нејзиниот адвокат изјавил дека таа има сериозни психички проблеми поради тешкото детство.

 

 

најчитано сега