Снежна бура го погоди североисточниот дел на САД- прогласена вонредна состојба

Силна снежна бура го погоди денеска источното крајбрежје на САД, поради што властите воведоа вонредна состојба во сојузната држава Њу Џерси, а во Роуд Ајленд беа затворени училиштата. 

 

Метеоролозите прогнозираат дека снежната покривка ќе достигне до 30 сантиметри. Тие очекуваат во регионот меѓу областите јужно од Големите Езера и Нова Англија на исток да падне значително количество снег, пред бурата да се повлече вечерва кон Атлантскиот Океан.

Во регионот меѓу териториите северно од Вашингтон и Њујорк врнеше комбинација од снег, лапавица и леден дожд. 

 

Поради бурата беа откажани повеќе од две илјади летови, а над 250 доцнеа.

05.02.2014 - 16:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега