Граничните полицајци од Богородица горди што ги спасиле мајката и бебето од Авганистан

Македонските полицајци и цариници породиле Авганистанка која се обидела илегално да ја помине македонската граница. Како што дозна Press24 , вчера, на граничниот премин Богородица, на граничните полицајци им се случил несекојдневен настан откако им пришла жена со силни породилни болки, на паркингот кај браната Паљурци.

Се работи за 18-годишната авганистанска државјанка Холами Атифе, која била со нелегален престој во Република Македонија. Откако полицијата ја запрела, добила силни породилни болки, а за среќа со брзата интервенција на полицајците, на свет донела здраво бебе.

Откако повикале Брза помош, од каде им јавиле дека немаат дежурен лекар кој би можел да се погрижи за идната мајка, граничните полицајци  ја покажале својата хумана страна исамите со службено полициско возило ја пренеле жената од Авганистан до Здравениот дом Валандово. Докторот кој ја породувал мајката, Димитар гетов, вели дека во 21 часот и 25 минути се родило здраво женско бебенце.

- Жената и бебето навистина имале среќа. Доколку не биле донесени во болница, или дојделе малку покасно, поради компликации со папочната врвца, бебето можело да се задуши, а и мајката можела да го загуби животот, вели докторот.

Полицајците кои несебично и помогнале на жената од Авганистан, се среќни и горди што со нивна помош се родило здраво бебенце. Овој несекојдневен настан дава хумана димензија на полициското работење.

05.02.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега