Пратениците лани со полни раце работа - донесени 349 закони
Собранието на Република Македонија во текот на минатата година одржало 30 седници, од кои 18 редовни, осум биле за поставување пратенички прашања, на три седници имало обраќања на претседатели на парламенти од други држави, а една била посветена за обраќање на претседателот на државата. Донесени се 349 закони.
За ова денеска информираше собранискиот спикер Трајко Вељаноски, на денешната средба со новинарите.
Лани не биле завршени три седница на Собранието. Една на која што е законот за бранителите, а останатите две имаат заостанати точки кои се однесуваат на составот на Лустрациската комисија и една ратификација. најдолга пленарна седница била 74-тата, која траела десет работни дена или 56 часа и 30 минути. Во работни часови најдолга била 72. седница - 65 часа и 15 минути, додека во континуитет најмногу траело петтото продолжение на 77. седница - 11 часа и 50 минути односно од 11:20 часот до 23:10 часот). Најкратка седница била 73-тата на која пратениците работеле само 10 минути. Времетраењето на сите 30 пленарни седници и на две кои беа заостанати од 2012 година е 77 дена или 480 часа. Најмногу се гласало на 77. седница каде имала 143 гласања, а најмалку на 59.- само три.
На 304 закони предлагач била Владата, додека 11 биле предложени од пратениците. Од вкупно 597 закони, донесени се 349, неприфатени седум, во прво читање 217, повлечени 13, а неразгледани девет. Од 349-те донесени закони, 34 биле ратификации, 215 закони по редовна постапка, 97 по скратена постапка и три по итна постапка.
Според информациите на претседателот на Собранието, собранискиот канал емитувал снимки од вкупно 409 одржани седници на работните тела, со вкупно времетраење од 26.056 минута.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа