Промени и новини во ФИБА

Извршниот одбор на ФИБА на последниот состанок кој што го имаше во Барселона реши да ги промени официјалните правила на кошаркарската лига, кои ќе стартуваат од 1 октомври 2014 година. 

Станува збор за воведување на две новини, кои ќе се однесуваат на бројот на дресови, поточно националните селекции нема да мораат да им доделат броеви од 4 до 15, туку ќе можат да употребуваат и други решенија со две цифри. 

Најавено е и дека ќе биде зголемена употребата на телевизиското видео, иако без новиот примерок од правилата на кошаркарската игра, не е баш најасно за што се мисли.

Досега преку видеото можеше да се утврди дали во финишот на четвртината е постигнат кош, со шут упатен пред или откако ќе се огласи сирената, како и да се види дали обидот бил за два или за три поени.

Досега со нив по натпреварите се определуваше дисциплинска одговорност, а можно е сега да им бидат дадени поголеми овластувања на судиите, кои што со ова како во НБА лигата ќе можат да решаваат пред мечот да продолжи.

05.02.2014 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа