ФОТО: Ги шокираше лекарите - бебенце родено без капка крв успеа да преживее

 

Бебенце родено во Америка ги зачуди лекарите. Малата Хоуп Хуарез верувале или не, изгубила 80 отсто од крвта уште додека била во матката, па е родена без капка крв.

На денот кога малото бебенце било донесено на овој свет, било бледо како дух, а кога докторите пробале да и извадат крв, извадиле само една капка бидејќи таа загубила дури 80 отсто од крвта, но за чудо, бебенцето успеало да остане живо.

Светските медиуми пренесуваат дека неколку минути пред пораѓањето, бебето ја изгубило крвта. 

- Веројатно изгубила 80 па и повеќе отсто од крвта поради компликациите, вели еден од лекарите кои се грижат за бебето.

27-годишната мајка на бебето, Џенифер Хуарез, вели дека имала нормална бременост без проблеми и болки, но дека бебето многу клоцало додека било во стомакот.

За жал, Хоуп развила крварење уште во матката, но е единствено бебе во светот кое преживеало вакво нешто. 

За среќа, бебето сега е добро, а исто и мајката.

05.02.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега