Полека закрепнува најтешко повреденото девојче од кочанско

 

Се подобрува здравствената состојба на 14-годишното девојче кое заработи најтешки телесни повреди во сообраќајната несреќа со трактор на 1 мај во Кочани, информира проф.д-р Зорка Николова од Одделот за интензивно лекување (КАРИЛ), пренесува Курир.

Според Николова, подобрена е здравствената состојба на девојчето, почнало да дише самостојно и не е зависно од апарати.

Поради сериозните повреди на мозокот, додава Николова, медицинскиот тим продолжува будно да ја следи здравствената состојба на девојчето.

ФОТО: Курир

најчитано сега