Ги добивме Белгија, Белорусија и Данска во квалификациите за Евробаскетот во Украина

Нашите сениорски кошаркари денеска ги дознаа своите противници со кои ќе се соочат во квалификациите за Евробаскетото кој што наредната година ќе се одржи во Украина. 

Македонија ќе игра во групата Д заедно со Белгија, Белорусија и Данска.

На жрепката во Барселона беа извлечени и составите на другите групи:

Група А: Исланд, Велика Британија, Босна и Херцеговина.

Група Б: Бугарија, Израел, Црна Гора, Холандија.

Група Ц: Австрија, Полска, Германија, Луксембург.

Група Д: Македонија, Белгија, Белорусија и Данска

Група Е: Португалија, Грузија, Чешка, Унгарија.

Група Ф: Словачка, Шведска, Летонија, Романија.

Група Г: Швајцарија, Русија, Италија.

Вкупно во квалификациите ќе се појават 26 репрезентации, а само 13 од нив ќе обезбедат место на првенството во Украина. На нашите кошаркарски херои им преостанува да остварат одличен пласман во групата, каде треба да завршат на првото место, пред Белгија, Белорусија и Данска. Евентуалното второ место ќе ни обезбеди место меѓу шесте најдобро второпласирани репрезентации од групите. 

Фактот дека се наоѓаме во група со уште три екипи, при рангирањето на второпласираните селекции нема да се земат во предвид резултатите со последнопласираната екипа од групата.

Натпреварите од квалификациите ќе се играат по систем „дома-гости“ во периодот од 10 до 27 август 2013 година.

03.02.2014 - 15:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега