Скопски пазар отвора нов продажен комплекс во скопски Чаир

Скопски Пазар АД Скопје во среда ќе го отвори новиот проширен и комплетно реновиран продажен комплекс во населбата Чаир. Во рамките на комплексот потрошувачите ќе можат да купуваат од новиот СП маркет, реновираниот зелен пазар и 13 други продажни локали со различни содржини.

Новиот СП маркет кој се простира на површина од над 700 квадратни метри ќе вработи 25 лица и ќе понуди богат асортиман од преку 10.000 производи од реномирани домашни и странски производители. Во понудата на супермаркетот отсега потрошувачите ќе можат да се снабдат и со свежо овошје и зеленчук, готови топли јадења од менито на Топлотека, печено пиле и свежо печен багет.

За олеснување и подобрување на работењето на зелениот пазар во Чаир, Скопски Пазар изврши адаптација и модернизација на просторот поставувајќи 58 современи тезги, комплетно реновирање на помошните простории и изградба на рампа за прием на производи.

 

Дополнително реконструираните локали во склоп на продажниот комплекс им овозможуваат на потрошувачите пристап до широк избор на производи и услуги. 

03.02.2014 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа