Kорупцијата низ ЕУ ја чини економијата 120 милијарди евра годишно
Според најновиот извештај на Европската комисија, корупцијата низ ЕУ ја чини годишно економијата на Унијата, околу 120 милијарди евра.
Во извештајот се вели дека корупцијата ја поткопува вербата во демократијата и ги исцрпува ресурсите за организирање и одржување на економија, заснивана на правни норми.
Тој е изработен врз основа на анализите што направени во сите 28 земји-членки на ЕУ.„Корупцијата се шири секоја година, па може да се најде и во Шведска, која има најмалку проблеми со неа“, изјави еврокомесарот за внатрешни работи, Швеѓанката Сесилија Малмстрем.
Извештајот на ЕК вели дека корупцијата е раководена од организирани криминални групи и организации кои имаат изработена софистицирана мрежа.
По истражувањето што е направено четворица од 10 бизнисмени ја опишуваат корупцијата како пречка за правење бизнис зделки во ЕУ.
Како главни центри за организиран криминал обично се посочуваат Бугарија, Романија и Италија. Во извештајот се посочува дека и криминалот „со бели крагни“ што се огледува низ давањето и примање поткуп и измамите со данокот на додадена вредност, веќе имаат зафатено многу земји во ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа