Скандал го тресе Холивуд пред доделувањето на Оскарите

По само еден месец пред одржување на манифестацијата која сите љубителите на филмот ја очекуваат со нетрпение, скандали го тресат Холивуд и Американската филмска академија.

Како што шишува весникот „Гардијан“  на 29 јануари беше одлучено да се дисквалификува песната Alone Yet Not Alone од понатамошно натпреварување за Оскар, откако е утврдено дека нејзиниот автор влијаел на останатите членови на Академијата во текот на изборот на номинирани песни.

Поранешен гувернер на Американската филмска академија и член на сегашниот Управен одбор,Брус Бротон ги прекршил строгите правила кои го утврдуваат изборот на номинирани за најпрестижната филмска награда, така што на членовите на Академијата праќал пораки со цел да го сврти вниманието на неговата композиција Alone Yet Not Alone.

„Без оглед на тоа колку добри биле нечии намери, користењето на својата позиција на поранешен гувернер и член на сегашниот Управен одбор со цел за промоција на својот предлог за Оскар, придонесе за создавање на слика на неправедно натпреварување “, се наведе во соопштението на претседателката на Академијата Шерил Бун Ајзакс, пишува „Гардијан“

Бротон, чија песна Alone Yet Not Alone од истоимениот филм, била номинирана за Оскар за најдобра оригинална песна, рече дека е разочаран од одлуката на Академијата.

„Исклучен сум од натпреварувањето на кое претходеа месеци на промоција и реклами. Се што направив е тоа дека ги замолив луѓето да ја најдат песната и да ја земат предвид “, изјави Бротон.

Во трката за Оскар за најдобра песна сега преостанаа композициите Happy (Despicable Me 2), Let It Go (Frozen), The Moon Song (Her), Ordinary Love (Mandela: Long Walk to Freedom).

03.02.2014 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега