Лекарите загрижени: Ќе може ли Шумахер да си го препознае семејството кога ќе се разбуди од кома?

 

Лекарите од Универзитетската болница во Гренобил каде повеќе од еден месец лежи седумкратниот шампион во Формула1, Михаил Шумахер, велат дека е добар знак тоа што возачот ги отворил очите, но дека рано е да се даваат било какви прогнози.

Сепак, докторите стравуваат дали после двете операции кои му се напоравени на мозкот, со што му е отстранет половина череп, Шумахер ќе може да се сети на семејството и на неодамнешните настани кога ќе се разбуди од кома. Лекарите се прашуваат дали ќе може да се препознае себеси и своите најблиски.

Шумахер е во кома од 29 ноември откако доживеа несреќа за време на скијањето на француските Алпи.

 

03.02.2014 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега