Французите протестираат против законот за абортус и геј браковите

Десетици илјади демонстранти денеска излегоа на улиците на Париз во знак на протест против нови закони со кои се намалуваат рестрикциите за абортуси и геј бракови.

Насобраните го обвинуваат кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд за „фобија од семејства“.

„Семејството е основната вредност на општеството”, е мотото на протестите на кои повеќето демонстранти беа семејства од  средната класа, некои  дури и туркаа мали деца во колички.

Полицијата во главниот град на Франција процени дека околу 80.000 лица учествувале на протестите додека пак организаторите, тврдат дека бројот на присутни е значително поголем.

03.02.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега