ЛШ: Ракометарките на Вардар за класа над германски Турингер

Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ со победа стартуваа во главната фаза од Лигата на шампиони.

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје беше совладана германската екипа Турингер со 31:25 (16:13).

По изедначениот почеток на натпреварот, гостинките направија серија од 3:0 за водство од 6:4, но избраничките на Индира Кастратовиќ брзо се вратија и го презедоа водството по серијата од 6:2 и поведоа со 10:8.

Почетокот на вториот дел мина во знак на вардарки, кои ја зголемуваа предноста и поведоа со шест голови (20:14).

Со сигурна игра македонскиот шампион го задржа водството и ја забележа првата победа во групата.

Во редовите на Вардар СЦБТ, Јованка Радичевиќ и Марија Дмитровиќ постигнаа по шест голови, а Ина Суслина имаше 18 одбрани.

Кај Турингер со 8 голови најефикасна беше Ивета Лузуманова.

На вториот натпревар од групата 1 одигран вчера Митјиланд го победи Савехоф со 25:24.

ЖРК Вардар СЦБТ во следното коло на 9 февруари гостува на шведската екипа Савехоф.

02.02.2014 - 20:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа